Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Ал Џануб се претвора во воен ров, во кој по три рани си нанесоа Србија и Камерун“. (ПРЕКРАСНО).
Почиње друже Србија – Камерун викам нема да се нервирам бе, па не сум будала само да се нервирам за глупости за фудбал ли ќе се нервирам. И почиње се топ, оној Митровиќ друже дечконо проколнат е бе, не може толку да нема среќа. И доваѓа 29 минута и ете ти б*м ти глуп корнер. Абе на кучето одма му реков, ова глуп корнер сигурно примаме гол, сигурно и брц лепиот 0-1 ни праи. Ајде викам боље вака има време уше многу. И така се нервирам пцујам се до 45 минута и тогаш идемооооо друже, ма то је Србија бреее. Два гола жбрц и водиме бе водиме, газење, знаев друже знаев. Сум земал тоа петардите за нова година шо ги чувам у улаз ги расфрлав, многу ќејфот ми го напраи оној СМС бе, играчиште. И се си беше топ друже, али оној Пикси абе толку сум го поштуел ко играч, али ко тренер не го бива бе. Ти Павлович да го вадиш бе друже, па дали е он нормален бе… Абе нека си спакуваат куфери нека си идат дома бе, фудбал ли е она бе, а иаме репрезентација минимум за бронза бе друже. Шо Аргентина појака да не е? Или Германија или Англија… Ајде бе друже и фудбал ми се одмили и се. И ова бе Свецко у ноември месец, абе ајде, бегај таму.
Шо ќе ти зборам друже бе… Ако ти кажам дека у клиника ја глеав Кореја и Гана ќе ми веруваш ли? Докторот ми вика се мислам дали да ти дозволам да ја глеаш, сакаше телефонот да ми го зеде. Да бе друже се изнервирав ми се слоши, ме однесе комшивката инфузија да примам. Добра утакмица друже ми ја врати верата во фудбалот. Тоа е фудбал бе друже, европски репрезентации се нешо калкулираат ти реков ми рече, ова беше баш фајтерски браво. Јапанцине од Кореја коа ја изиграа Сон у таа акција ти беше втор додавач. Ти викам ние ЈНА војска шо сме биле така ги викавме овие втор додавач прве класе. Друже ние коа праевме востание, овие Гана фудбал играле. Да бе слушнав тој Кудуз бил роден на 2. август, ама грешка нешо да не е бе како 2. август ваљда не се родил на Илинден, мада и кој Илинден ‘903 или ’44? Да ти кажам друже право незз колку години има не сум ти баш математичар да прерачунам, али добар играч. Да беше енглез ќе вредеше 300 миљони.
Друже да ти кажам право сум се мислел дали да ја глеам Бразил. Викам ако не тепаат овие без Нејмар уше толку ќе се изнервирам. Жена ми доаѓа дома ми вика, абе будало една оди барај работа не туку ми глеј само фудбал сакаш да умреш, млада да ме остаиш. И викам, женче извини, ама не можам ипак е Мундијал. И ја пуштам така утакмицата и се нервирав до 80. минута искрено да ти кажам, али оној Касемиро е прав воин бе македонски борец. Коа го даде одма ми дојде полесно, сами си решаваме у задње коло… За Србија зборам бе друже… Него ај да не се потсеќам на оној Пикси, ј*бал ме Пикси.
Остана уше една текма друже, чим играат јаки репки знаев дека ќе биде тоа тактика, тоа пимплање. И така и беше. Оној Рошавиот, пустиот се израдува на гол шо не го ни даде, абе еднаш да имаше некоја чест бе да признае. Бруно одличен играч, техничарче. Не знам дали знаеш ко мал у Спортинг коа бил, многу мразел некое детенце со него исто шо било многу талентирано. Тоа е таа желба за успех и докажување друже… Не сакам такви ликови, ама само така се успева друже… Иначе то је то Португалија осминфинале, они Уругвај не ми се ни коментираат друже.
Друже од денеска нема веќе цел ден текми а? Од четри дури а? Добро иам време таман до социјално да отидам и до завод… Да се пријавам друже истекува месец, а знаеш јас невработен. Тоа е друже не може да се најде работа у денешно време, сиромаштија е… Ајде се глеаме утре друже…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА