Повредата стекната на првиот натпревар од групната фаза против Србија ќе го оддалечи Нејмар од терените до крајот на првиот дел од Светското пренство во Катар. Бразилецот во 80. минута мораше со грч на лицето да го напушти теренот откако тешко го повреди Никола Миленковиќ, а прегледите не донесоа добри вести за јужноамериканската репрезентација.
Поддршка на голгетерот на ПСЖ преку социјалната мрежа Инстаграм сега прати легенадарниот Роналдо кој испрати охрабрувачка порака.
„Не можам ова отворено писмо да го започнам на друг начин: Ти си еб*ниот Нејмар! Гигант! Сигурен сум дека најголемиот дел од Бразилците те сакаат, како што и јас. Твојот талент те одведе така далеку, толку високо што ти се восхитуваат на секое место во светот. За тоа има причина, да се достигне тоа ниво, тој успех, треба да се носиш со многу завист и зло.
Колку далеку сме ако некој ја слави повредата на ѕвезда како тебе, со приказната која ја имаш ти? Каков е овој свет? Каква порака им даваме на младите? Секогаш ќе има луѓе кои навиваат против тебе, но тешко е да го гледаш друштвото на пат кон нетолеранција и нормализација на говорот на омраза.
Ти пишувам со цела сила против вербалното насилство: Врати се појак! Попаметен! Гладен за голови! Доброто кое го правиш на теренот и надвор од него е поголемо од зависта. Ни една секунда немој да забораваш на патот кој го помина за да станеш идол во светот на фудбалот. Бразил те сака! Вистинските навивачи, оние кои се на твоја страна. Ни требаат твоите голови, твојот дриблинг, храброст и веселба! Ќе се вратиш, Нејмар! А, целата омраза нека ти служи како погонско гориво“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА