Новата трибина во Битола „ќе дебитира“ на дербито Пелистер – Вардар во сабота

Новата трибина на стадионот во Битола „Петар Милошевски“, ќе биде пуштена во употреба во сабота, за време на големото дерби помеѓу Пелистер и Вардар, информираа од Општина Битола.

Од Општината информираа дека е завршено поставувањето на 4.800 столчиња и трибината е подготвена да прими публика.

Иницијативата за изградба на новата трибина почна пред осум години, и го доби новиот лик. Покрај 4.800 публика, трибината има 146 места за почестни гости, 12 кабини за новинари, 2 кабини за коментатори и други простории согласно прописите на УЕФА.

Во следниот период ќе следува и доуредување на внатрешниот простор на трибините. Се очекува таму да бидат и новите соблекувални за играчите, со што, конечно, Битола ќе добие модерен стадион.

Се вчитува...