„Бродолом“ на балкански начин: Србите добиен меч го дадоа за „вересија“ (ВИДЕО)

Репрезентативците на Србија си дозволија невиден „бродолом“ во само две минути на дуелот против Камерун, од готова победа и предност од 3-1 дозволија „вересија“ за конечно реми 3-3 кои им ги намалува шансите за продолжување во елиминациската фаза на Мундијалот во Катар.

И покрај тоа што Камерунците поведоа со голот на Кастелето во 29. минута, потоа низ судиското продолжение од првото полувреме северните соседи со два гола дојдоа до пресврт. Најпрво во првата минута од судиското продолжение во првиот дел израмнување од 1-1 донесе Павловиќ со удар со глава, а само две минути подоцна Сергеј Милинковиќ-Савиќ со прекрасен гол носи водство за Србија од 1-2.

Се вчитува...