Преку седумстотини затвореници во Иран ослободени по победата над Велс

Повеќе од 700 затвореници се ослободени во Иран по победата на нивната репрезентација против Велс (2-0) на Светското првенство во Катар, објави во понеделникот агенцијата за правосудство на оваа земја.

Меѓу нив има „некои лица уапсени за време на „неодамнешните настани“, велат од агенцијата без дополнителни детали. Под „настани“, агенцијата мисли на протестите предизвикани од смртта на 16 септември на Махса Амини, 22-годишна иранска Курда, која почина откако беше уапсена од полицијата за наводно кршење на кодексот на облекување.

„По посебна наредба на првиот човек на судството по победата на фудбалската репрезентација на Иран против онаа на Велс (2-0), 709 затвореници се ослободени од различни затвори во земјата“, стои во соопштението на агенцијата..

Се вчитува...