Фудбалерите на Гана се на добар пат да ја запишат првата победа на Мундијалот во Катар, откако по првото полувреме веќе имаат предност од 2-0 против Јужна Кореја.
Гана уште во 24. минута од средбата дојде до предност со голот на Салису.
Веќе во 34. минута Кудус зголеми и на 2-0, со што ја води Гана до можност за триумф за значително зголемување на шансите за пласман во осминафиналето на Светското првенство 2022.
Во третото коло во групата, Гана би ја чекал клучниот меч со Уругвај за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Во првиот натпревар на шампионатот, Гана загуби од Португалија со 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА