Скандал пред утрешниот меѓусебен меч: Иранците бараат исфрлање на САД од Мундијалот!?

Иран и САД се соочуват утре од 20 часот во мечот од Групата Б на СП 2022 кој ќе одлучува околу пласманот во осминафиналето на СП.

Но, пред мечот Иранците активираа скандал барајќи САД да бидат исфрлени од турнирот во Катар, а притоа бараат Американците да добијат и суспензија од десет натпревари, повикувајќи се на правилата на ФИФА.

Причина за тоа е што Американскиот фудбаски сојуз објави на социјалните мрежи знаме на Иран, но без исламските обележја.

„Во непрофесионален чин, Инстаграм страницата на Американскиот фудбалски сојуз го отстрани од нашето знаме делот испишан на арапски јазик. Иранскиот фудбалски сојуз со писмо до ФИФА официјално бара да се испрати сериозна опомена до САД и исфрлање на нивната репрезентација од Мундијалот, со суспензија од десет меча, според правилата на ФИФА“ – пренесува иранската државна агенција, ИРНА.

Знамете стоеше 24 часа на социјалните мрежи, за да американскиот Стејт Департмент соопшти дека нема никаква врска со постот на сојузот.

„Очекуваме мирен натпревар и борбен во духот на спортот на терен. САД ќе продолжи да бара начини за поддршка на иранскиот народ во соочувањето со државно-спонзорираното насилство наде жените и бруталната репресија над демонстрантите“ – се вели во соопштението од Стејт депарментот.

На денешната прес-конференција, пак, селекторот на САД, Грег Берхалтер потенцираше дека никој во репрезентацијата, стручниот штаб или фудбалерите, немаат никаква врска со објавите на социјалните мрежи, но ако е потребно ете ќе се извинат во свое име за грешката.

Се вчитува...