Емил Рајковиќ продолжува со беспрекорните изданија како тренер на ЦСКА Москва во регионалната ВТБ-лига, откако македонскиот стратег го предводеше големиот фаворит до нова победа, овојпат на домашен терен против Парма со 109-71. Ова беше 13. победа за Рајковиќ во 13. коло од ВТБ-лигата, со што ЦСКА останува на врвот на табелата.
Сите дилеми околу победникот беа разрешени уште во првото полувреме, во кое избраниците на Рајковиќ постигнаа дури 61 поен (34 во првата, 27 во втората четвртина), на одмор заминувајќи со водство од 61-39. ЦСКА продолжи со одличен настап до крајот на мечот, на крајот триумфирајќи со конечни 38 поени разлика.
Алексеј Швед одигра извонреден натпревар реализирајќи дабл-дабл од 17 поени и 14 скокови, Шарл постигна 17 поени за ЦСКА, додека Милутинов го заврши мечот со 15 поени и седум скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА