Португалија е на добар пат да биде третата репрезентација, по Франција и Бразил, која уште по првите два натпревари ќе обезбеди осминафинале на Светското првенство во Катар, откако веќе води со 1-0 против Уругвај во мечот од Групата Х.
Португалците водат од 54. минута со голот на Бруно Фернандеш.
Фернандеш испрати еден вид центаршут, Роналдо ја испрати топката со висок скок, но не ја допре а таа отседна во мрежата на Уругвај. Па и покрај радоста на Кристијано Роналдо, ФИФА ги припиша погодокот на неговиот довчерашен соиграч од Манчестер јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА