Португалија е третата репрезентација, по Франција и Бразил, која уште по првите два натпревари си обезбеди осминафинале на Светското првенство во Катар, откако триумфираше со 2-0 против Уругвај во мечот од Групата Х.
По мирното прво полувреме во кое немаше премногу возбудувања, извонредни втори 45 минути одиграа двете селекции.
Португалците поведоа во 54. минута со голот на Бруно Фернандеш.
Фернандеш испрати еден вид центаршут, Роналдо ја испрати топката со висок скок, но не ја допре а таа отседна во мрежата на Уругвај. Па и покрај радоста на Кристијано Роналдо кој се обиде да присвои погодок, ФИФА ги припиша погодокот на неговиот довчерашен соиграч од Манчестер јунајтед.
По примениот гол Уругвајците заиграа далеку подобро, создадоа и две одлични шанси но нововлезените Гомез, кој погоди дирек, а потоа и Луис Суарез од одлична позиција не успеаја да донесат израмнување.
Па, кога не беа искористени шансите, казна на спротивната страна и тоа по ВАР-сугестија. По реакција од ВАР-собата во првата минута од судиското продолжение беше досуден пенал за Португалците, а Бруно Фернандеш со својот втор гол, овој пат од 11 метри, донесе победа од 2-0 и пат во осминафиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА