Португалија синоќа го победи составот на Уругвај, и така го обезбеди учеството во 1/8 финалето на Мундијалот во Катар. Во официјалниот извештај стои дека Бруно Фернандеш ги постигна двата гола, иако во прв момент се чинеше дека Роналдо е „виновникот“ за првиот гол.
И додека Роналдо се докажуваше со официјалните лица и со своите соиграчи дека ја допрел топката, и за него е важно тој да биде стрелец, за Бруно Фернандеш тоа не беше важно.
„Успеавме да победиме и многу сме среќни. Сега треба да продолжуваме да победуваме, за да бидеме први во групата. Тоа ни беше целта, да ја освоиме групата. Добра екипа сме и не е важно кој ќе постигне гол. На сите ни беше важно само да го постигнеме“, рече Фернандеш.
Роналдо по завршувањето на мечот со гестикулации покажуваше дека тој ја допрел топката и така таа завршила во мрежата. Останува да се види дали ФИФА ќе го смени ставот и ќе му го препише голот на Кристијано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА