Светот со сеир за Роналдо: „Голот е на Бруно!?? Сега ќе му кажам на Пирс Морган…“

Кристијано Роналдо не успеа да запише уште еден свој гол на Мундијалите на синоќешниот дуел против Уругвај, и покрај огромната радост по првиот погодок во победата на Португалија од 2-0 против Уругвај.

На крај, по прегледувањето на снимките, ФИФА одлучи голот да му го припише на Бруно Фернандеш… Тоа очигледно не беше на задоволство на Роналдо кој по мечот ги убедуваше соиграчите дека тој ја допрел топката, а според одредени информации веќе е приложена од селекцијата на Португалија и жалба до ФИФА за голот да се запише зад името на Роналдо.

Но, сето тоа наиде на сеир во светот на фудбалот кои со потсмев го прифаќаат начинот на кој Роналдо „плаче“ голот да се запише зад неговото име.

„Голот е на Бруно!? Сега ќе му кажам на Пирс Морган…“ – е една од многуте шеги на сметка на португалскиот напаѓач, а алудирајќи на интервјуто на Роналдо кај Пирс Морган на кое го искажа сиот свој револт напаѓајќи го довчерашниот клуб Манчестер јунајтед.

Се вчитува...