Како и по обичај сите шанси за некој поголем успех кога се во прашање репрезентациите од поранешна Југославија, пропаѓаат поради тоа што тимот по првиот лош натпревар ќе се распадне.
Србија катастрофално го стартуваше шампионатот во Катар, но и покрај тоа пред последното коло се уште е во игра за нокаут фаза. Првата ѕвезда на репрезентацијата, Душан Влаховиќ вчера не се најде на теренот во ремито против Камерун (3-3). Српските медиуми веќе пренесуваат дека „пукнала тиквата“ меѓу ѕвздата на Јувентус и селекторот Драган Стојковиќ Пикси.
Пикси изјави дека Влаховиќ поради повреда не е подготвен да им помогне на соиграчите. Асот на Јувентус по вчерашниот меч не сакал да даде изјава во „микс-зоната“, но на својот инстаграм профил објавил фотографија на која пишувало „Секогаш подготвен“. Интересна е и изјавата на Марко Грујиќ кој по мечот запрашан што се случува со неговиот соиграч накратко изјави „Не знам дали е повреден? Не е мое да одговарам на тие прашања“.
Србија во петок ја очекува клучниот натпревар на шампионатот против Швајцарија меч кој е со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА