Извршниот одбор на УЕФА потврди дека Холандија следното лето ќе биде домаќин на фајнал 4 турнирот во најмладото репрезентативно натпреварување под нејзина капа, Лигата на нации.
Домаќини на фајналфорот на Лигата на нации ќе бидат Ротердам и Еншеде. Полуфиналните натпревари ќе се играат на 14. и 15. јуни, а финалето е закажано за 18 јуни. Ждрепката за полуфиналните двојки ќе се одржи во текот на јануари во Нион.
За потсетување, на Ф4 во Лигата на нации пласман обезбедија Холандија, Хрватска, Италија и Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА