Англиската фудбалска репрезентација на Светското првенство е една од најголемите фаворити во Катар. После убедливиот триумф над Иран од 6-2, сите веќе ги лансираа Англичаните како сигурни полуфиналисти. Но, потоа избраниците на Саутгејт одиграа без голови против САД, поради што наидоа на многу критики.
Многу замерки имаше на Хари Кејн кој и натаму нема гол, и покрај тоа што на минатиот Мундијал во Русија ја освои златната копачка. На првиот меч запиша две асистенции.
Најостар во критиките кон Кејн беше легендарниот англиски фудбалер Тони Адамс кој не штедеше критики кон капитенот на Англија.
„Хари Кејн не напаѓа длабоко зад одбраната и не се врти со лице кон вас. Тој е играч од средниот ред кој оди длабоко за да добие топка. Веројатно сите мислат дека имам нешто против Кејн откако реков дека треба да му се земе капитенската лента и да ја даде на Деклар Рајс, но не е така. Не е работата за ривалството меѓу Тотенхем и Арсенал. Неопходен ни е Хари Кејн, тој е еден од најдобрите напаѓачи на светот, доволно е да се погледнат неговите бројки, но јас да сум стопер кој игра против него во Катар, би го чувал и со цигара во уста“, рече Адамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА