Сенегал го совлада Еквадор за 1/8 финале, Холандија го направи Катар најлош домаќин (ВИДЕО)

Холандија и Сенегал се осминафиналисти од групата „А“ откако беше комплетирано третото коло. Холанѓаните со победа го потврдија првото место на табелата, а во вториот одлучувачки натпревар, Сенегал беше подобар од Еквадор, и со три бода го потврди пласманот во плеј-офот. Еквадорците во најважниот меч потфрлија, и така не успеаја да останат непоразени, со што ќе беа меѓу најдобрите 16.

Сенегал влезе похрабро во натпреварот, и полека ја „плетеше мрежата“ пред голот на Еквадор. Сенегалците беа подобар противник, и тоа им стигна како награда во 44. минута кога Сар од пенал успеа да донесе предност.

Во 68. минута Кајсидо се најде осамен по изведен корнер и успеа да донесе израмнување за Еквадор. Во тие мигови Еквадорците имаа резултат кој ги носи во 1/8 финалето. Меѓутоа само две минути подоцна стоперот Кулибали успеа да погоди и да донесе нова предност за Сенегал, и повторно ставајќи ги во предност за второто место на табелата.

Холандија го потврди првото место во групата, откако прелесно се справи со домаќинот Катар и со нова победа дојде до седум бодови на своето конто.

„Лалињата“ поведоа со голот на Гакпо. Откако се проби низ одбраната, биеше прецизно во долниот лев агол. На стартот од вториот дел Де Јонг во 49. минута успева да го зголеми резултатот, спроведувајќи ја топката во празната мрежа по шутот на Депај.

 

Во продолжението Холандија мирно го чекаше крајот на мечот, а постигна уште еден гол кој беше поништен поради игра со рака. Во последните мигови Холанѓаните ја погодија и пречката од голот на Катарците, но не дојдоа до поубедлив триумф.

Со овој пораз Катар стана најлош домаќин на Мундијалите во историјата, и прва селекција организатор која ја заврши групата без бодови.

Се вчитува...