Жените и девојките на репрезентативците на Велс приредија скандал во Катар (ВИДЕО)

Најновиот скандал во Катар за време на Мундијалот го креираа жените и девојките на репрезентативците на Велс и тоа со забава која излегла надвор од границите на пристојноста, а која спонтано ја организираа по еден првично мирен ручек.

Освен што фудбалерите на Велс не демонстрираа никаков квалитет на теренот, уште полоша слика испратија нивните сопруги и девојки, ако се знае дека уште случувањата од забавата со многу алкохол и неконтролирано однесување ја споделија и по социјалните мрежи.

Како што пренесува „Дејли мејл“, имало и многу вулгарни танцувачки перформанси во бикини и тоа на најблиската плажа, сето тоа испратено со многу алкохол што го привлекло вниманието и на властите во Катар.

За сето тоа веќе имало реакција до Фудбалската федерација на Велс. Не се знае дали ќе има некакви санкции, согласно законите во Катар, но едно е сигурно дека веќе денеска си заминуваат од земјата заедно со своите мажи и момчиња…

Се вчитува...