Натпреварот од 2. коло на Светското првенство во Катар меѓу Португалија и Уругвај накратко го прекина навивачи во 51. минута кој втрча на терен, притоа со мачика со политички пораки но и со знамето со боите на виножитото во рацете.
Се работи за Марио Фери, италијански нисколигашки фудбалер, кој веќе прекинувал натпревари на светските првенства претходно.
Фери носеше сина маичка со знакот на Супермен на која на предната страна пишуваше „Спасете ја Украина“, а од заедниот дел „Почитувајте ги иранските жени“. Знамето во боите на виножитото беше јасна поддршка за ЛГБТ-популацијата на која, според катарските закони во случај на јавно изразување, и се заканува дури и смртна казна.
Во разговор со медиумите Фери раскажа дека ноќта ја минал во полициска станица се додека не дошол да го извлече лично претседателот на ФИФА и негов сонародник, Џани Инфантино кој не може да верува дека фудбалерот и активист го направил тоа што го направил.
„Минав тешка ноќ во полициската станица. Инфантино дојде во четири часот наутро да ми помогне. Никогаш претходно не сум го запознал. Ми рече: ‘Повторни ти? Зошто? Катар е многу опасен за тебе и за вакви постапки“ – раскажува Фери, притоа објаснувајќи ги причините за својата постапка.
„Му реков на Инфантино дека пораките кои сакав да ги испратам се многу важни. Сакам да втрчувам на терен, секогаш со добри намери и со позитивни пораки како овие сега во Катар“.
Фери претходно веќе 12 пати прекинувал натпревари, па и на СП 2014 во Бразил кога неговата порака на дуелот меѓу Белгија и САД гласеше: „Спасете ги децата во фавелите“. На терен втрча и на дуелот меѓу Милан и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА