Италијанскиот фудбалски сојуз почна истрага против Јувентус, откако од овој клуб оставки поднесоа раководните луѓе на тимот. „Старата дама“ е обвинета дека на играчите им исплаќала различни суми на пари од оние кои биле пријавени.
Пред два дена раководството на Јувентус на чело со претседателот Андреа Ањели поднесе оставки, а предложија тогаш местото претседател да го превземе сметководител за клубот што подобро се носи со финансиски и правни проблеми.
Медиумите во Италија пишуваат дека Јувентус дури може да биде исфрлен од Серија „А“.
„Фалсификување на сметководствени и административни документи или било кои други незаконски активности, може да предизвика одземање на бодови, па дури и исфрлање од лигата“, пишуваат Италијаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА