Бразил со втор тим против Камерун

Селекторот на бразилската репрезентација Тите реши да ги одмори првотимците на натпреварот против Камерун во последното, трето коло од групата Г на Светското првенство во Катар.

Бразил веќе обезбеди пласман во осминафиналето на Мундијалот, бидејќи е прв на табелата во групата Г со шест бода. Швајцарија е втора со три, а Србија и Камерун имаат по еден бод.

Бразил во петок од 20 часот ќе игра против Камерун, а Србија ќе се сретне со Швајцарија. Бразилските медиуми пренесуваат дека Тите ќе смени 10 играчи за мечот со Камерун. Бразилскиот тренер поради повреди не може да смета на Нејмар, Данило и Алекс Сандро.

Од првиот состав ќе остане само Едер Милитао, а покрај него против Камерун треба да играат Едерсон, Бремер, Дани Алвеш, Алекс Телес, Бруно Гимараеш, Фабињо, Габриел Мартинели, Габриел Жесус и Ентони. Се очекува во текот на натпреварот шанса да добијат и Евертон Рибеиро и Педро.

Се вчитува...