Актуелниот шампион Шкупи ја доби казната од Дисциплинската комисија на ФФМ за големиот инцидент за време на четврфиналето од Купот на Македонија против Шкендија на Чаир.
Шкупи, согласно одлуката на Дисциплинецот, ќе мора шест натпревари како домаќин да ги игра надвор од Скопје во град најмалку 100 километри оддалечен од својот стадион.
Чаирчани претходно како домашен терен го пријавија Кичево, па се очекува и на следните домашни натпревари да играат во овој град. Следен натпревар ќе им биде со Брегалница, токму во Кичево.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА