Двата натпревари од Д групата во одлучувачкото 3. коло на Светското првенство во Катар на полувреме се без голови. Франција со комбиниран тим игра 0-0 против Тунис, додека истиот резултат по 45 минути е и на мечот меѓу Данска и Австралија.
Со овие резултати друштво на Франција во осминафиналето ќе и прави репрезентацијата на Австралија и тоа најмногу поради триумфот во мечот против Тунис од 0-1. Данците доколку сакаат да се пласираат во нокаут фазата ќе мора да победат на овој меч.
Тунис исто така има свои шанси. Африканската репрезентација мора да победи против Франција, но со поголема разлика од еден гол доколку Австралија и Данска одиграат реми, или со поголема победа од Данска доколку скандинавците победат против Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА