Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ го одигра најдобриот натпревар за својот нов клуб Борац Бања Лука и тоа во дербито на четвртото коло од шампионатот на Босна и Херцеговина.
Борац ја пречека Славија во дуелот на непоразените екипи до ова коло и славеше со 89-68. Нашиот центар на теренот помина 25 минути и за тој период постигна 18 поени додавајќи уште 7 скока и 4 асистенции.
Покрај Борац, непоразен во босанското првенство е уште Широки кој вечерва се среќава со Слобода на домашен терен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА