Репрезентацијата на Австралија е втората репрезентација од групата Д која обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако во последното 3. коло изненадувачки славеше над фаворизираната Данска со 1-0.
Стрелец на погодокот кој значеше пласман меѓу шеснаесетте најдобри на Мундијалот беше Метју Леки во 60. минута од натпреварот. Фудбалерите со навивачите славеа во Катар, но се славеше и во Австралија.
Поради големата разлика во временските зони кога заврши мечот во Австралија беше некаде по 3 часот по полноќ. Сепак, и тоа не ги спречи Австралијците да го прослават овој успех што е израмнување на најдобриот пласман на репрезетнацијата која го имаше на СП во 2006 година.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА