Португалија се соочи со нов сериозен проблем во пресрет на клучниот дел од мундијалот, откако Нуњо Мендеш отпадна од комбинација за настап до крајот на светскиот шампионат.
Левиот бек на ПСЖ беше прва опција на својата национална селекција на овој шампионат, но Мендеш заработи незгодна повреда на дуелот од второто коло против Уругвај. Дефанзивецот беше заменет уште во првото полувреме, а деталните прегледи покажале истегнување на мускулот по кое се препореачува пауза од три седмици.
Ова практично значи дека селекторот Сантош нема да може да смета на суперталентираниот млад фудбалер до крајот на мундијалот, а се очекува неговото место во стартниот состав да го заземе Гереиро од Борусија Дортмунд, кој го замени Мендеш и на мечот со Уругвај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА