Кјелце се извлече против Елверум, Пик Сегед сигурен против Целје

Полскиот ракометен шампион Кјелце стигна до тешка победа на гостувањето кај норвешки Елверум со 26-27. во натпревар од 8. коло во новата сезона од Лигата на шампионите. Норвежаните му пружија голем отпор на фаворитот, но сепак на крајот пресуди големата разлика во квалитет на полскиот тим.

Алекс Дујшебаев со шест погодоци беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Боржас заврши со ист број голови.

Во вториот меч од програмата од 18.45 часот унгарскиот Пик Сегед стигна до лесен триумф на гостувањето во Словенија кај Целје Пивоварна Лашко со 28-36. Бодо и Фимел со по шест гола беа најпрецизни кај победникот, додека Стрмљан и Цокан кај поразените постигнаа по пет.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...