Никола Јокиќ беше блиску до нов трипл-дабл учинок во победата на Денвер од 120-100 против Хјустон. Српскиот интернационалец мечот го заврши со 19 поени, 12 асистенции и 9 скока за 27 минути поминати на теренот. Портер беше прво име кај гостите со 23 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Девин Букер со 51 поени, 6 асистенции и 4 скока го предводеше Феникс до победа од 132-113 против Чикаго. Него го следеше Ејтон со 30 поени и 14 скока, додека прво име кај Булс со 29 поени и 7 скока беше Демар Дерозан.
Одличен натпревар одигра и Џејсон Тејтум кој постигна 49 поени и 11 скока во победата на Бостон над Мајами со 134-121. Бем Адебајо беше лидер на гостите со 23 поени, 6 скока и 5 асистенции.
Во останатите натпревари:
Кливленд – Филаделфија 113-85
Орландо – Атланта 108-125
Бруклин – Вашингтон 113-107
Њујорк – Милвоки 103-109
Минесота – Мемфис 109-101
Њу Орлеанс – Торонто 126-108
Оклахома – Сан Антонио 119-111
Јута – Клиперс 125-112
Сакраменто – Индијана 137-114
Лејкерс – Портланд 128-109
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

