Математика: Што треба да се случи за да се стигне до осминафинале?

Се е подготвено за разврската во групите Е и Ф, каде последните натпревари ќе ги дадат имињата на четирите селекции кои ќе се најдат во мундијалската нокаут-фаза.

Шпанија влегува во последното коло како лидер на групата Е, додека за Германците нема друг избор – мора да се победи на мечот со Костарика.

ШПАНИЈА: Оди во осминафинале со победа или реми против Јапонија. Може да се пласира во нокаут фазата и со пораз, но доколку Костариканците не слават против Германија на вториот меч од групата.

ЈАПОНИЈА: Се пласира во осминафиналето со победа над Шпанија, или пак со реми, но доколку и мечот меѓу Германија и Костарика заврши без победник.

КОСТАРИКА: Оди во осминафинале со победа над Германија. На Костариканците им одговара и реми доколку Јапонија загуби на вториот меч со Шпанија.

ГЕРМАНИЈА: Се пласира во следната фаза со победа денеска и со победа на Шпанија над Јапонија. Ако Шпанија и Германија ремизираат, Германците ќе мора да слават со најмалку два гола разлика. Ако Јапонија ја победи Шпанија, тогаш Германија ќе треба да ја надополни негативата од осум гола во гол-разликата во однос на „црвената фурија“.

Во групата Ф на делба на првото место се Хрватска и Мароко, а Канада веќе нема никакви шанси за осминафиналето. Во последното коло Мароко ќе се сретне со Канада, додека Белгија ќе ги одмери силитесо Хрватска.

ХРВАТСКА: Оди во осминафинале со победа или реми против Белгија. Може да се пласира и во случај на пораз, но тогаш ќе треба да загуби и Мароко, и тоа во најмала рака порази со идентична гол-разлика.

МАРОКО: Се квалификува со победа или реми против Канада. Може да оди во осминафинале и со пораз, доколку Хрватска слави над Белгија, или во случај на реми на вториот меч.

БЕЛГИЈА: До осминафиналето се стигнува со победа над Хрватска, или минимални шанси со реми на својот меч, но и пораз на Мароко од Канада од најмалку три гола разлика.

Се вчитува...