Мексико славеше во последниот натпревар од групната фаза на Светското првенство во Катар совладувајќи ја Саудиска Арабија со 2-1, но победата со разлика од еден гол не беше доволна за пласман во разигрувањето за титула. Таму патува Полска, а тоа значи крај на неверојатната серија која траеше од 1994 до 2018 година за седум последователни настапи во осминафиналето.
Аргентинецот Тата Мартино беше селектор на Мексико на овој мундијал, а сите шанси за продолжување на соработката што истекува на крајот од годинава исчезнаа со резултатскиот дебакл.
„За фрустрацијата и разочарувањето кое го чувствуваме сите сум одговорен јас и превземам одговорност. Мојот договор истече со последниот свиреж на судијата. Тоа е тоа, разочарувањето е огромно, но не гледам како би продолжиле да соработуваме по еден ваков резултат“, порача Мартино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА