Знаме од 200 метри: Шоу на хрватските фанови пред хотелот на „коцкестите“ (видео)

Хрватска денеска го игра клучниот натпревар за пласман во осминафиналето на СП во Катар, а навивачите на „коцкестите“ им приредија шоу на своите миленици. Откако им донесоа среќа на сличен начин пред дуелот со Канада што Хрватите го добија, навивачите повторно се собраа за да го сторат истото и пред мечот со Белгија, што Хрватска не смее да го загуби ако сака да обезбеди пласман меѓу 16-те најдобри селекции во светот.

Собирот повторно беше на плажата во Доха, веднаш под хотелот каде што е сместена хрватската експедиција, каде стотици фанови се собраа пеејќи хрватски навивачки песни.

Се развеа и хрватското знаме што е долго дури 200 метри, кое во Доха го донесоа фановите од Цриквеница.

„Сакаме победа, сакаме победа“, ечеше утрово од грлата на Хрватите пред хотелот „Хилтон“…

На потег се Модриќ, Крамариќ и останатите хрватски фудбалери, да ја исполнат желбата на верните навивачи…

Се вчитува...