Голманот на полската фудбалска репрезенација, Војчек Шчесни вчера се најде во центарот на вниманието откако на дуелот против Аргентина направи прекршок над Лео Меси за контроверзен пенал, но потоа истиот успеа и да го одбрани.
По натпреварот тој говореше за целата ситуација, а откри и интересен момент за ситуацијата непосредно пред истиот да биде досуден. Тој во разговор со Меси бил толку самоуверен дека нема да биде пенал за што се обложил со Аргентинецот во 100 евра.
„Воопшто не мислев дека тоа ќе го досудат како пенал. Разговарав со Меси пред да одлучат судиите и му реков дека можам да се обложам во 100 евра дека нема да има пенал. Го загубив облогот против Меси и знам дека е забрането да се обложувате, можно е и да ме казнат, но не ми е грижа. Нема ни да му платам. Не го интересираат него 100 евра“, низ смеа вели Шчесни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА