Француската фудбалска федерација достави жалба до ФИФА поради поништениот гол на Антоан Гризман против Тунис во последната минута од судиското надополнување во поразот од 0-1 во средбата од 3. коло во групата Д на Светското првенство.
Гризман постигна погодок за 1-1 откако настана гужва пред голот на Тунис, но главниот судија после прегледувањето на ВАР тој гол го поништи.
Процени дека францускиот голгетер е во офсајд во моментот на нафрлувањето на Чуамени и дека сов својата позиција влијаел на играта, иако Гризман до удар дојде откако тунискиот одбранбен играч се обиде со глава да ја расчисти ситуацијата.
Од федерацијата на Франција се жалат сметајќи дека Гризман не бил во офсајд и поради тоа што до поништување на голот дошло откако судијата означи крај на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

