Конфликт Суарез – Гана: Велите дека сум ѓавол? Фудбалер на Гана промаши пенал, не јас…

Уругвај и Гана денеска ќе го одиграат одлучувачкиот натпревар за пласман во осминафиналето на Светското првенство во Катар. Уругвајците мора да победат на овој меч доколку сакаат да патуваат во нокаут фазата, додека за Гана најверојатно ќе биде доволно и реми.

Првата ѕвезда на Уругвајците на прес-конференција беше нападната од дел од новинарите поради играњето со рака на Мундијалот во 2010 година поради која на крајот Уругвај се пласираше во полуфиналето на сметка на африканската репрезентација, по промашен пенал на Гана во клучните моменти.

„Некои навивачи во нашата земја веруваат дека сте самиот ѓавол. Ви посакуваат да се пензионирате“, изјави еден од новинарите на прес-конференцијата. 

На оваа констатиција возврати Уругваецот велејќи дека не промашил тој пенал, туку фудбалер на Гана.

„Фудбалер на Гана промаши пенал, не јас. Немам потреба да се извинувам. Да направев фаул и некого да повредев, да ќе се извинев. Вака не ја глеам потребата“, изјави Суарез. 

Се вчитува...