Златната генерација на Белгија не успеа да стигне до нов успех на Светските првенства откако беше елиминирана во групната фаза на Мундијалот во Катар. Поразот од Хрватска ги „спакува“ Белгиците, но и селекторот Роберто Мартинез.
По шест години поминати на селекторското место, 49-годишникот заминува од познатата средина, потврди и самиот тој. Одлуката не е ненадејна, истата била донесена и пред натпреварувањeто на Блискиот Исток.
„Ова беше мој последен натпревар на клупата на Белгија. Не можам повеќе. Се опростив со играчите и останатиот дел од тимот. Без разлика што и да се случеше заминував. Дури и да станевме светски шампиони. Одлуката ја донесов пред Светското првенство“, изјави Мартинез.
Мартинез ја предводеше Белгија до најголемиот успех во нејзината историја освојувајќи во третото место на Светското првенство во Русија, но се чини дека генерацијата на одлични играчи никогаш не го достигна својот зенит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА