Хари Мегваер често беше во центарот на вниманието на јавноста по катастрофалните настапи за Манчестер Јунајтед, а поради истите сега се најде како пример за неефикасна економија во парламентот на Гана.
Дискутирајќи за новиот буџет за 2023 година еден од говорниците на членовите на парламентот им ја раскажа приказната за големиот Хари Мегваер кој англискиот клуб го плати 85 милиони евра за да постигнува автоголови и да им помага на противниците лесно да ја тресат мрежата на неговиот клуб.
„Има еден играч во Англија, се вика Мегваер и игра за Манчестер Јунајтед. Хари Мегваер игра во одбраната. Ги фрлаше сите на секоја страна и го видоа како најдобриот стопер на светот. Манчестер Јунајтед го купи и стана најголемата опаност за клубот. Ги соборува своите играчи и им ја дава топката на противничките играчи. Ако противникот не успее да постигне гол, тој ќе им помогне. И ние во оваа држава имам економски Мегваер“, низ смеа помина говорот на политичарот.
They are discussing Harry Maguire in the Ghana parliamentpic.twitter.com/5E0bAj0UTS
— Troll Football (@TrollFootball) December 1, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

