Валенсија го освои Белград по голема драма, Басконија ја продолжи агонијата на Милано

Валенсија стигна до петата победа во Евролигата откако во 11. коло славеше на гостувањето во Белград кај Партизан со 96-100. За победник на драматичниот натпревар беа дополнителни пет минути во кои на 10. секунди до крајот Партизан имаше негатива од еден посед (96-98) и напад, но Нанали ја изгуби топката, а Хартер од линијата за слободни фрлања го постави конечниот резултат.

Со 22 поени и 10 скока Лесор беше лидер на Партизан, додека Ривери ја предводеше Валенсија со 22 поени и 6 скока.

Претходно Басконија славеше на домашен терен против Милано со 78-62 продолжувајќи ја агонијата на италијанскиот состав кој досега има само три победи во првенството, додека француското дерби му припадна на Монако кој славеше кај Асвел со 75-84.

Се вчитува...