Хрватска се пласираше во осминафиналето на Светското првенство во Катар каде ќе се сретне со репрезентацијата на Јапонија. За Хрватите во групата Ф доволни беа двете ремиња против Мароко и Белгија и победата од 4-1 над Канада.
Селекторот Златко Далиќ по средбата со Канада го прозва селекторот Џон Хердман, кој не му честитал за победата и му рекол дека „уште треба да учи“.
„Се ракувавме пред натпреварот. На крајот од натпреварот сакав да го направам истото што го направив со белгискиот тренер Мартинез и со секој друг тренер. Кога се свртев, Далиќ веќе беше на теренот и славеше со играчите. Имаше што да слави, ја победи Канада. Кога влегов на теренот се ракував со судијата, со играчите, но не го видов“, изјави Хердман во интервју за канадските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА