Германскиот репрезентативец Џошуа Кимих денот на елиминацијата од Мундијалот во Катар, го нарече најлош ден во својата кариера.
И покрај триумфот над Костарика, неговата селекција не успеа да се пласира во 1/8 финалето благодарение на победата на Јапонија над Шпанија.
„Денеска е најлошиот ден во мојата кариера. Ако погледнеме наназад, истото се случи и во 2018 година. Јас сум во националниот тим од 2016, и претходно секогаш Германија стигнуваше до полуфинале. Потоа влегувам јас и си заминуваме во групната фаза. Не ми е лесно да се справам во ова. Ова не е тоа што го сакам и сега се плашам да не паднам во психолошка дупка“, изјави Кимих кој кажа дека не размислува да ја напушти Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА