Српската фудбалска репрезентација денеска игра против Швајцарија во меч кој треба да одлучи кој ќе се пласира во осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Овој дуел е „да се биде или не“ и за „орлите“ и за швајцарскиот тим. Така, пред самиот натпревар, швајцарскиот портал „Блик“ објави интервју со поранешниот швајцарски репрезентативец Филип Сендерос, кој има српски корени и кој даде свое мислење за натпреварот.
„Репрезентацијата денеска има многу поголема брзина и контрола отколку што имавме ние. Ќе биде „жежок“ натпревар. Мојата крв е половина српска, половина шпанска, а јас сум Швајцарец. Мајка ми порасна во Аргентина, а таму имам роднини. Во вакви натпревари ви требаат сите играчи, сите подготвени. Мора да ја искористите оваа голема сцена. Ова е одлична можност за сите да се покажат. Ова е голем момент за швајцарскиот фудбал. Играчите секогаш мора да бидат свесни дека ова Светско првенство е и најголемиот момент во нивните кариери. Оваа етапа пишува историја која луѓето ја паметат со години“, вели Сендерос.
Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија ќе се игра вечерва со почеток во 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА