Трагедија: На 45 години почина поранешен репрезентативец на Мексико

Поранешниот мексикански фудбалер Омар Трухилјо, почина на 45-годишна возраст како последица од срцев удар додека играл фудбал со пријателите, јавуваат тамошните медиуми.

Трухилјо во својата кариера настапувал за Селаја, Тигрес, Атлас а најмногу настапи собра во тимот на Морелиа во кој играше 14 години (од 1998 до 2012 година).

За Мексико имаше неколку повици, а својот прв и единствен настап го запиша во 2005 година против Полска на пријателски натпревар одигран во САД.

Се вчитува...