Хрватска се пласираше во осминафиналето од Светското првенство во Катар откако ремизираше без голови со Белгија во третиот натпревар од групната фаза. За овој резултат најзаслужен беше Ромелу Лукаку кој промаши четири сто отстотни шанси од кои две во самата завршница.
Пласманот во нокаут-фазата го прослави и пензионираниот репрезентативец Иван Ракитиќ кој се снимаше во живо на социјалната мрежа Инстаграм и додаде дека Лукаку заслужува платен одмор во Сплит.
„Браво Лукаку! Мораме да му платиме месец дена одмор во Спллит. Одиме“, рече Ракитиќ пред да му прати бакнеж на корпулентниот напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА