Се е подготвено за спектаклот од последното мундијалско коло меѓу Швајцарија и Србија, по кој само за една од овие две селекции ќе има место во осминафиналето од СП 2022.
Српските навивачи ги има во голем број во Доха, а меѓу оние кои пристигнаа во текот на денешниот ден има и такви со фантастична смисла за хумор.
Така, по социјалните мрежи се појави фотографија од тројца српски фанови како држат транспарент „Ракијата спојува луѓе, а чоколадото ги расипува забите“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА