Драма: Гана доби пенал со ВАР, го промаши, па Уругвај дојде во водство

Уругвај и Гана водат жестока битка во решавачкиот меч за пласман во осминафиналето, а африканската селекција има за што да жали по неискористениот пенал во 20. минута.

Судијата најпрвин покажа офсајд, но ВАР-анализата покажа дека Кудуз не се наоѓал во недозволена позиција, а потоа и дека бил фаулиран од противничкиот голман. Уругвајците жестоко протестираа, судиската одлука не беше повторно променета, но голманот Рочет од трагичар се претвори во херој, бранејќи го ударот од белата точка на Ају.

Казната стигна во 26. минута, откако по ударот на Суарез одбиената топка во мрежата од непосредна близина ја втурна Де Араскаета.

Јужна Кореја на вториот меч oд истата група губи со 0-1 од Португалија, па доколку не дојде до пресврт на тој меч, дуелот Гана – Уругвај останува решавачки за второто место во групата. Само за потсетување, Гана во пресрет на ова коло беше во предност на табелата, па Уругвај само со победа може да стигне до осминафинале.

Се вчитува...