Германците се разочарани од работата на Ханси Флик во изминатата година, а елиминацијата во групната фаза на СП 2022 само придонесе уште погласни да станат најавите за смена на екс-тренерот на Баерн Минхен од селекторската функција.
Дел од германските медиуми како идеален наследник го посочија Јирген Клоп, но агентот на стратегот на Ливерпул, Марк Косицке, веднаш стави крај на овие гласини.
„Знам дека новинарите пишуваат атрактивни вести, но во овој случај нема никаква вистина. Јирген Клоп има договор со Ливерпул до јуни 2026 година што сака да го испочитува, неговиот фокус е целосно кон овој клуб“, порача Косицке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА