Во таборот на Гана на Луис Суарез гледаат како на ѓавол поради направениот пенал во финишот од дуелот на СП 2010, а нема сомнеж дека истиот статус сега ќе го има и Дарин Нуњез, поради неговиот однос непосредно пред изведувањето на пеналот на Ају.
Имено, петмина фудбалери на Гана стоеја околу белата точка за да спречат Уругвајците да се приближат. Нуњез сепак успеа со ногата да мине преку неа и да „направи малер“ на африканските фудбалери, бидејќи Ају дваесетина секунди подоцна не го реализираше пеналот.
Асот на Ливерпул доби жолт картон, мала цена за придонесот за промашениот пенал на Гана…
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) December 2, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА