Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.
„Периодов српската репрезентација ја пратеше реално шоу од типот на Задруга“. (ПРЕКРАСНО).
Е баш тоа друже „Задруга“. Колку си се радував у квалификации, толку сум се разочарал на Свецково друже. Шо е бе она? Од „што бре евентуално?“ си дојдоа до реално шоу. Срамота… Пикси, ај да не се повторувам, многу лошо… Само оправдувања бе, катастрофа. Нека си се соберат сите и со жените право у „Задруга“…! Што бре евентуално? Ма, директ у „Задруга“! Глеам телевизија Београд сите разочарани, абе браќа Срби дајте бе више не се „ложете“ толку…, мора малку пореално! Да ти кажам право друже Швајцарија си заслужи осминафинале. Многу ми се свиѓаат и они друже… Знаеш ја политика не ме занима, Шаќири од секад сум го сакал ко играч, уше у Базел коа беше. Сакам такви мали техничарчиња… Оние другине играње сите свака им част…
Браво бе Јапанци денот ми го напраивте… Не бе за тие Германија шо ја избација, овие Јапанци од Кореја шо се… Нешо ми пимплаат оние Португалците многу сме јаки, Уругвај задоволен тепаме идеме даље, и бап им го о*на тоа Корејчето… Е сеа коа беше Ким некој ваљда друже од кај да знам, Сон не беше, а само тој знам кој е… Го виде ли Суки, плачен беше неговиот поглед. Будала е друже, али многу го поштуем цела кариера. Многу ме потсеќа на мене, језда играв задњи везни ја, али исто така пргав бев ко него. А, оној рошавиот бе… Португал сите ги одмара тој прва ќе играл, мисли Кореја е Литванија или Луксембург па ајде трпај хет-трик. И на крај шо напраи? Згреши им бапнаа гол овие после корната. Рошави не си више за фудбал друже… Него да ти кажам друже Гана многу ме разочараа. Кој е тој менталитет бе друже? Имаш шанса за осминафинале ти се браниш за овие против тебе да не одат. Да им врателе за 2010 раката на Суки. Абе друже пушти историја бе, ради таа историја ние на Балканов уше очи си вадиме…
Друже денеска почиње тоа главното. Дај да зеам да ве почастам по едно кафенце со девојчево на шанк стигна социјално пун сум со пари сеа… Експресце за мене и тебе, а за малана едно долго ко нејзините нозе макијато хе хе… Две утакмици осминфинале друже а? Холандија – Америка тоа друже ќе биде „мижи асан да ти баам“. Ќе биде пимплање по терен може и пенали ќе играат. После „кралот лав“ има вечера да си напраи со кенгурине друже таа е сигурица кец голем ко дупка на улица у Скопје. Ајде друже се глеаме утре…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА