Познати се сите 16 селекции кои го продолжуваат настапот на СП во Катар, а воопшто нема ниту ден одмор, па мундијалските возбудувања продолжуваат експресно, со утрешните две први осминафинални пресметки.
Холандија и САД ќе ја имаат честа да ја отворат осминафиналната програма на овој мундијал, а утревечер на дело ќе го видиме и Лео Меси, кој со Аргентина ќе ја има фаворитската улога против Австралија.
РАСПОРЕД ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ
САБОТА: Холандија – САД (16 часот), Аргентина – Австралија (20 часот)
НЕДЕЛА: Франција – Полска (16 часот), Англија – Сенегал (20 часот)
ПОНЕДЕЛНИК: Јапонија – Хрватска (16 часот), Бразил – Ј. Кореја (20 часот)
ВТОРНИК: Мароко – Шпанија (16 часот), Португалија – Швајцарија (20 часот)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА