Најголемото македонско дерби конечно со „навивачки дуел“, но со второлигашки „шмек“

Најголемото македонско дерби денеска од 13 часот во 14. коло од Втората македонска фудбалска лига. Пелистер и Вардар на мегдан во Битола ќе ја отворат новата трибина на стадионот под Тумбе кафе, низ уште една желба за зацврстување на меѓусебниот ривалитет.

Конечно, овој пат, и натпревар со присуство на двете навивачки групи како начин за креирање на вистинска атмосфера на фудбалската претстава која некогаш беше број еден низ почетоците на деведесеттите години од минатиот век.

Вардар ја носи фаворитската улога ако се погледне табелата во второлигашката конкуренција, но јасно е дека овие натпревари секогаш носат посебна неизвесност. За Пелистер мечот е повеќе од значање ако се знае, пак, дека со триумф ќе се фати приклучок на врвот со „црвено-црните“.

Гостивар и Воска спорт, пак, се фаворити во денешните пресметки, па без сомнение ќе се обидат да искористат евентуален кикс на Вардар за преземање на водечките позиции.

ВТОРА ЛИГА – 14. КОЛО

Пелистер – Вардар

Арсими – Беласица

Борец – Гостивар

Детонит – Воска спорт

Караорман – Беса

Кожуф – Тетекс

Локомотива – Каменица Саса

Охрид – Слога Виница

Се вчитува...