Швајцарските медиуми објавуваат дека ФИФА, сепак, ќе покрене постапка против однесувањето на Гранит Џака за однесувањето за време и после натпреварот против Србија во групната фаза на Мундијалот во Катар.
ФИФА ќе го истражува инцидентот, пишува швајцарскиот „Боте“. Но Швајцарците нема премногу да даваат до значење, и очекуваат Џака да нема проблеми.
Капитенот на Швајцарија после натпреварот облече дрес со презиме „Јашари“. Потоа се правдаше дека тоа дрес на негов соиграч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА