Репрезентацијата на Белгија е едно од најголемите разочарувања на Мундијалот во Катар. Селекцијата која беше една од фаворитите за стигнување дури во завршницата на турнирот, испадна во групната фаза.
Многу се шпекулираше за односите внатре во репрезентацијата, а се дојде до тоа дека некои играчи не зборуваат меѓусебе, па дури и дека после поразот од Мароко имало тепачка во соблекувалната, што подоцна беше демантирано.
Сепак, дека има лоша атмосфера покажува и враќањето на фудбалерите кон дома. Белгиските медиуми известуваат дека петмина фудбалери одлучиле да не патуваат со екипата дома, и си платиле порано да си заминат во својата родна земја. Станува збор за Томас Мение, Аксел Витсел, Џереми Току, Артур Тете и Луис Опенда.
Белгискиот селектор Роберто Мартинез по елиминацијата поднесе оставка од клупата на Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА